Берлин: ЕУ ќе ги прекине преговорите со Турција ако биде воведена смртна казна

Доколку Турција воведе смртна казна, тоа ќе доведе до прекин на преговорите за членство на земјата во ЕУ, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
- Нашата позиција по тоа прашање е јасна: земја која применува смртна казна не може да биде членка на ЕУ и тоа би значело крај на преговорите, истакна Зајберт.
Прашањето за повторно воведување на смртна казна во Турција е покренато по неуспешниот обид за воен преврат во јули оваа година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати напоменуваше дека предлог-законот за смртна казна може да биде ставен на разгледување од Парламентот, но не нагласи кога може тоа да се случи.
- Властите во Германија уште еднаш изразија загриженост во врска со мерките против новинари во Турција, изјави германскиот портпарол, коментирајќи го апсењето на главниот уредник на весникот „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу.
Тој додаде дека „слободата на медиумите за Германија претставува главен услов за секоја демократска држава“.
Ново на Сител
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
