-->
-->
Берлин е првата странска дестинација за новата британска премиерка
-->

Првата дестинација на новата британска премиерка Тереза Меј ќе биде Берлин, објавуваат германските медиуми. Средбата со нејзината германска колешка Ангела Меркел ќе се случи в среда а централни теми на разговорите ќе бидат односите ЕУ - Велика Британија по „Брексит“, кризата во Турција и терористичкиот напад во Ница, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, Меј во Берлин во среда ќе има работна вечера на која ќе се разговара за одлуката на Лондон да ја напушти ЕУ и за последиците од таквиот чекор.
„Развојот на политичките односи во Турција, прашањето за бегалците како и Брекситот ќе бидат во фокусот на разговорите, смета Зајберт.
„Тоа ќе биде можност да се разговара за билатералната соработка, заедничките интереси за решавање на глобалните предизвици и се разбира како Велика Британија и Германија можат да работат заедно на процесот на заминување од ЕУ“, изјавил неименуван портпарол на британската влада за агенцијата Асошиетед прес.
Својата прва надворешно политичка турнеја Меј по посетата на Берлин ќе је продолжи во Париз каде што ќе се сретне со францускиот претсетадел Франсоа Оланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
