Берлин домаќин на разговорите за Сирија

Берлин денеска ќе биде домаќин на разговорите за Сирија, во кои ќе учествуваат и пратеникот на Обединетите нации Стефан де Мистура и лидерот на сириската опозиција Ријад Хиџаб.
Разговорот ќе биде фокусиран на прашањето како да се исполнат условите за продолжување на мировните преговори во Женева, како и на намалување на насилството и подобрување на хуманитарната состојба, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Американскиот државен секретар Џон Кери претходно во Женева разговараше со Де Мистура, кој во понеделникот во Москва пред да замина за Берлин разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
На состанокот во Берлин ќе присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро.
Примирјето во Сирија стапи во сила пред два месеци со посредство на Москва и Вашингтон, но околу Алепо, вториот по големина сириски град повторно се водат жестоки борби, кои се закануваат да ги загрозат преговорите.
Ново на Сител
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
