Берлин доби конзервативен градоначалник – првпат по две децении
Каи Вегнер (50), поранешен продавач на осигурителни полиси, положи заклетва како градоначалник по гласањето во локалниот парламент, наследувајќи ја Франциска Гифи од СПД, која беше првата жена – градоначалник на Берлин.
ЦДУ на Вегнер извојува чиста победа на изборите во февруари, кои се одржаа откако судот пресуди дека изборите во 2021 година се неважечки. Тој освои 28 отсто од гласовите, десет отсто повеќе од 2021 година и 10 отсто повеќе од СПД, додека анкетите покажуваат дека довербата во управувањето со градот од страна на СПД е намалена.
СПД претходно управуваше со германската метропола во коалиција со Зелените и екстремната левица Die Linke.
Кампањата на Вегнер, меѓу другите мерки, се засноваше на подобрување на безбедноста и модернизација на административната инфраструктура на Берлин.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
