Берлин бара од Атина расчистување на случајот за пратката со бомба

Германското Министерство за внатрешни работи побарало од грчките власти да се расчисти целосно случајот со праката во Министерството за финансии на Германија, во која се наоѓаше бомба спакувана во пакет.
- Очекуваме од грчките власти брзо расчистување на случајот, со цел да бидат откриени извршителите, истакна германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Според весникот „Рајнише пост“, претставник на полицијата во Берлин изјавил дека засега органите на редот не планираат да даваат изјави во врска со деталите за случајот.
Весникот „Блид“ пак твдри дека досега германските власти не ја потврдиле информацијата оти пакетот-бомба го примил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Грчкиот пратеник од партијата Нова демократија Адонис Георгиадис, кој беше наведен како нарачател за испраќање на пакетот, изјави дека терористи го искористиле неговото име, бидејќи во Грција е сметан за пријател на Шојбле.
Ново на Сител
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
-

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
-

Се скарале на работа: Ром пријавил претпоставен Албанец за „Циган“, тој му возвратил со „Шиптар“, но не го пријавил
-

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола
-

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид
-

Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА
