Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население
Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност.
Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.
– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.
Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот.
Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска