-->
-->
Бензините повторно поскапуваат?
-->

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика донесена минатиот понеделник, Дизелот поскапе за 3 денари, бензините за 2 денари по литар.
Малопродажните цени на бензините се зголемија за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 3,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
Американската нафта за испорака во јули вчера на берзата во Њујорк се продаваше за цена од 49,19 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија вчерашното тргување го заврши на ниво од 50,1 долари за барел.
Оваа цена е за долар и половина повисока од просечната цена врз основа на која се формираа малопродажните цени минатиот понеделник.
Наредната корекција е закажана за 13 јуни. Ако се задржи ваквиот тренд на цените, тогаш за очекување е поскапување за околу 1 до 2 денари по литар.
Иако во моментов цената на нафтата бележи стагнација, предвидувањата се дека таа ќе расте кон средината на летото. Во таква ситуација, за верување е дека за летните одмори, ќе полниме гориво по 70 денари за литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина
-
Леклер: Не сме доволно брзи и покрај подобрувањата на болидот
-
Богојески најави тужби против правни и физички лица, тврди дека создавале лажни профили со негов идентитет