Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,125 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,170 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,517 отсто, кај дизелот за 0,216, кај екстра лесното масло за 0,542 и кај мазутот за 2,048 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,2235 отсто.
Ново на Сител
-

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
