Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,865 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379, а кај екстра лесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0455 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
