Бензините и дизелот неделава остануваат со непроменета цена
Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменти. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да останат на ниво утврдено претходната недела.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 71,50денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот 61,50 денари за литар.
Промена има кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) каде има зголемување за 0,50денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 22 јули 2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 и ќе изнесува 34,181денар за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,72 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 0,51 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 0,71 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 0,63 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,03 денари за долар и е за 0,55 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка

