-->
-->
Белоти го спаси Торино од пораз на гостувањето кај Фиорентина
-->
Со двата постигнати гола Андреа Белоти ја спаси екипата на Торино од пораз на гостувањето кај Фиорентина.
Во последниот меч со кој беше комплетирано 25.коло во италијанската Серија А, Фиорентина и Торино одиграа без победник 2-2.
Домаќините со головите на Рикардо Сапонара (8.минута) и Никола Калиниќ (38) имаа и водство од 2-0 по првиот дел. Сепак, во второто полувреме Андреа Белоти со двата гола (65 и 85.мнута) и донесе бод на екипата на Торино.
По неуспехот да се освојат трите бода, Фиорентина го губи чекорот со екипите кои се борат за излез на европската сцена, па сега „виолетовите“ заостануваат дури девет бодови зад Лацио кој е на петото место на табелата. Торино кој е веднаш зад Фиорентина на 9.место, но со пет бодови помалку, ја предводи групата на екипи кои се во „зланата“ средина на табелата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Михаил Ренџов
-
Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија
-
Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра
-
Меси за пензионирањето на Иниеста: Еден од оние со кои најмногу се забавував играјќи
-
Сане би можел да се врати во Премиер лигата
-
ПСЖ заинтересиран за Едерсон
-
Водата во општина Василево не е безбедна за пиење
-
Прашањето за правото на здрава животна средина и загадување на воздухот на Општа седница на Врховниот суд