Белиот паун од црквата „Св. Архангел и Михаил“ во Автокоманда растргнат од улични кучиња
Белиот паун кој го красеше дворот на храмот ,,Св.Архангел и Михаил“ во Автокоманда викендов е растргнат од улични кучиња.
Ова од храмот го соопштија на својот Фејсбук профил, жалејќи по нивниот бел убавец.
Нападот најпрвин се случил во дворот на храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.
Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња, дукатки...и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби, пишуваат тие.
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени