Белград: Укината е забраната за продажба на алкохол во ноќните часови
Собранието во Белград одлучи денеска да ја укинe забраната за продажба на алкохолни пијалаци, пиво и пиротехнички средства од 22 часот до шест часот наутро, јави Б92.
Заменичката на градскиот секретар за економија Маја Бајагиќ нагласи дека забраната за продажба на алкохол не ги дала очекуваните резултати.
Според нејзините зборови, Унијата на работодавачи во Србија дала податоци дека во Белград прометот се намалил за 30 проценти, а вработеноста за 9,9 отсто, како последица од воведувањето на забраната.
Според истражувањата на Стопанската комора во Белград, забраната имала за ефект да се укинат 300 работни места, односно работата ја изгубила „третата смена“, потенцира Бајагиќ образложувајќи ја одлуката.
Критикувајќи ја измената на одлуката, одборникот на Демократската партија (ДС), Зоран Алимпиќ истакна дека забраната била непопуларна и контроверзна мерка, која предизвика незадоволство кај младите луѓе, но дека постојат сериозни причини поради кои била воведена.
- Вакви мерки редовно се применуваат во големите европски градови, изјави Алимпиќ и додаде дека во огромна количина бил намален бројот на лица на кои им е дадена помош поради алкохол во ноќните часови.
- Јасно ми е дека ова е популарна мерка, но мислам дека овде е клучниот интерес на државата е да заработи со продажба на алкохол, бидејќи профитот на државата со продажба на алкохолни пијалаци е голем, образложи Алимпиќ.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?