Балкан
15. September 2016 - 9:47

Белград и Приштина договорија продолжување на неутралните регистарски таблички на Косово

Делегациите на Белград и Приштина се договорија за продолжување на статусот на неутрални регистарски таблички на уште пет години. 

Претходниот договор за привремени неутрални таблички е постигнат во 2011 година, а престанува да важи од 1 ноември оваа година. 

Делегацијата на Белград соопшти дека е задоволна од спогодбата, со која, како што е наведено е спречено укинување на српските таблички на Косово. 

Оваа спогодба е договорена во текот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на експертско ниво, која почна во понеделникот.