Македонија
9. May 2024 - 13:13

Белгиските и холандските медиуми за изборите: Гласачите изразија незадоволство од бавните преговори за членство со ЕУ

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на вчерашните претседателски и парламентарните избори во Северна Македонија, на кои гласачите го изразија незадоволството од бавното темпо на преговорите за членство со ЕУ, оценуваат белгиските и холандските медиуми во своите осврти на изборните резултати. 

Белгискиот весник „Ехо“ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседателски кандидат Гордана Сиљановска Давкова извојуваа лесна победа, која можеше да се насети уште по првиот круг од претседателските избори на 24 април, посочувајќи и дека владејачките социјалдемократи го признаа поразот на изборите уште пред објавувањето на официјалните резултати. 

- Победата на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ навестува бурни односи со соседните земји од Европската Унија. Ова враќање на власт на десничарската опозиција значително ќе ги заживее тензиите со соседните Грција и особено со Бугарија, која поставува свои услови за напредок во пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ, наведува белгискиот весник. 

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова е победник во вториот круг од претседателските избори. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гл

Според „Ехо“, овие двојни избори ќе имаат клучно влијание врз надежите за членство во Европската Унија на оваа сиромашна балканска земја, која во изминатите две децении „изгуби околу 10 отсто од своето население поради масовната емиграција, а младите во неа имаат малку перспектива“. 

Белгиската државна новинска агенција Белга нагласува дека „десничарската националистичка опозициска партија“ ВМРО-ДПМНЕ победи на вчерашните избори, а владејачките „проевропски социјалдемократи“ СДСМ го признаа поразот и на парламентарните и на претседателските избори, како резултат на што пристапувањето на земјата во Европската Унија „може да биде изложено на ризик“. 

- Националистите во предизборната кампања ветија дека ќе преземат поостар курс против соседните земји Грција и Бугарија. Промената на името од Македонија во Северна Македонија е основа за нивното незадоволство. Атина инсистираше на промена на името, бидејќи регион во северна Грција го има истото име. Владата на социјалдемократот Зоран Заев го прифати тоа барање и земјата беше преименувана во Северна Македонија во 2019 година, наведува Белга. 

Агенцијата натаму посочува дека 70-годишната Гордана Сиљановска Давкова е новата претседателка на Северна Македонија, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најверојатно ќе стане нов премиер.  

Гласачите во Северна Македонија го променија политичкото лице на сопствената земја за само еден ден, а партијата која беше соборена пред седум години под притисок на уличните протести се враќ

- Тој вети дека ќе преземе поостар тон кон бугарските барања. Софија сака Северна Македонија да го промени Уставот за да го заштити бугарското малцинство. Мицкоски за време на кампањата го нападна и албанското малцинство во земјата. Патот по кој сакаат да одат националистите може да ги закочи пристапните преговори што ЕУ ги започна со Скопје во јули 2022 година. Земјите членки на ЕУ, Грција и Бугарија имаат право на вето на речиси секој чекор од преговорите, додава Белга. 

Холандскиот весник НРЦ (поранешен „Ханделсблад“), пак, наведува дека Северна Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ која моментно води пристапни преговори, но победата на „десничарската националистичка опозициска партија“ ВМРО-ДПМНЕ на изборите може да го доведе во ризик влезот на земјата во ЕУ. 

- Северна Македонија почна пристапни преговори откако со години беше блокирана од соседните земји Грција и Бугарија. Социјалдемократите, кои во моментов се уште се на власт, предупредија дека победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го загрози нејзиното членство (во ЕУ), посочува амстердамскиот весник. 

Според НРЦ, во текот на кампањата ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се соочи со земјите членки на ЕУ и соседните држави Бугарија и Грција. Така на пример, лидерот на партијата Христијан Мицкоски не ја признава промената на името на државата. Во 2018 година, на барање на Грција, Владата во Скопје одлучи да додаде „Северна“ на името на државата, додава НРЦ.