Белгиски лекари пронајдоа нов третман за срцеви болести

Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија.
Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи нова надеж за пациентите кои се премногу слаби и кревки за да претрпат хируршка интервенција, а не реагираат на медикаментозната терапија.
Трилистниот залисток е еден од четирите залистоци на срцето, а кога тој лошо функционира може да доведе до сериозни срцеви проблеми, и досега заболените се третираа само со хируршка интервенција или со лекови.
Интервенцијата е извршена на 22 август, јавува белгиската новинска агенција Белга, врз 84-годишна пациентка без отворање на тораксот, туку со катетер преку препоните до срцето. Пациентката е дома, во добра состојба, соопштија од болницата.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
