-->
-->
Белгиски Гент игра против Шкендија во Скопје, специјален сообраќаен режим на улиците
-->
На Националната арена „Филип Втори ” во рамки на Лига Европа денеска со почеток во 20:00 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Гент“ од Белгија.
За време на одржување на овој вонреден настан, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, информира денеска СВР - Скопје, од страна на полицијата ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.
-->
-->
-->