Белгија: Повторно расте бројот на новозаразени од Ковид-19

Во периодот помеѓу 29 август и 4 септември, Белгија бележи раст на бројот на позитивни на коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Стапката се зголемила за седум отсто во споредба со претходната недела, ова е трет ден по ред повторно да растат во просек бројот на новозаразени со вирусот, што несомнено е поврзано и со враќањето на децата во училиштата.
Помеѓу 29 август и 4 септември имало во просек 479,4 новозаразени дневно во Белгија.
Целокупниот број заразени во земјата изнесува 88.769 лица во овој момент. Добрата вест е што се намалува бројот на хоспитализации, како и бројот на смртни случаи, со пад од 28 отсто.
Властите одлучија и дека во наредните денови на аеродромот во Брисел ќе бидат достапни тестови за Ковид-19, за цена од 135 евра, резултатите ќе бидат готови во рок од три часа. Поевтини тестови од 67 евра ќе бидат исто така достапни, но за резултатите ќе се чека девет часа. Овие тестови ќе се прават за патниците кои треба да летаат во зони каде е задолжително приложување на негативен тест.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
-

Како да добиете обештетување доколку имате штети од невремето во вторникот?
-

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи
