-->
-->
Белгија и доставила на Франција налог за апсење на маж
-->
Белгија вчера и доставила на Франција налог за апсење на маж, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи, без да потврди дали тоа има врска со вчерашниот напад на париската авенија Шанзелизе.
Подоцна беше соопштено дека мажот доброволно се јавил во полициска станица во северниот белгиски град Антверпен.
Групацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на Шанзелизе, во кој беше убиен еден полицаец, а двајца беа ранети и го претстави напаѓачот како Абу Јусеф Белгиецот.
Според извори запознати со истрагата застреланиот напаѓач е 39-годишен Французин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст