-->
-->
Белгија го смени Вилмотс
-->

Селектор на Белгија Марк Вилмотс доби отказ, потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја на својата интернет страница.
Вилмотс, неодамна на ЕУРО 2016 на која Белгија беше еден од фаворитите, настапот со селекцијата го заврши во четвртфиналето по поразот од Велс (3-1). Белгија на ЕУРО 2016 оствари два пораза (Италија, Велс) и три победи (Република Ирска, Шведска, Унгарија).
Марк Вилмотс Бегија ја презеде во 2012 година, четвртфинале играше и на СП во 2014 година, каде беше елиминиран од Аргентина. Многумина му забележуваа дека не знае да го искористи вистинскиот потенцијал на генерацијата која ја предводи Еден Азар и дека игра премногу дефанзивен фудбал.
Со националниот тим Вилмотс забележа 34 победи на 51 натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
