Белен: Австрија треба да ги поддржи земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ
Новоизбраниот австриски претседател, Александер Ван дер Белен, има позитивен став кон проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан и смета дека официјална Виена треба да им помогне на земјите од овој регион во процесот на приближување кон Унијата, јави Танјуг.
Одговорајќи на прашања на австриската агенција АПА во пресрет на изборите, Ван дер Белен укажа дека ниту една друга земја, како неговата Австрија, нема толку тесни економски и историски односи со западен Балкан.
- Пристапната перспектива на земјите од Западен Балкан среднорочно нема да биде спорна за сите набљудувачи. Секако дека предуслов за успешно приближување е постепената примена на европското законодавство. Веќе одамна се водат преговори за тоа. Постојат различни мислења за патот кон тоа, и многу прашања се уште се отворени, објасни Белен.
Ван дер Белен оценува дека Австрија треба да го подржи и добро да го подготви пристапувањето на државите од Западен Балкан кон ЕУ.
На прашањето дали ќе ги признае референдумот за независност на Република Српска (РС) Ван дер Белен објасни дека тоа би било во спротивност со меѓународните договори за Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип