Македонија
1. November 2020 - 16:31

Белчишко блато во Дебрца крие многу природни богатства

Белчишкото блато во Дебарца крие природни богатства. При подводните истражувања на најголемото блатно езерце Сино Дувло откриени се карстни извори кои го хранат со вода,речиси исти како Светинаумските извори. Подводнoто богатство кое треба детално да се проучи покрај со вода изобилува и со бројни ендемски видови на растителен и животински свет.

Белчишкото блато како редок природен феномен ќе ја промовира Дебрца кај Охрид како нова туристичка дестинација и идно заштитено европско подрачје.

Белчишко Блато, или според неговите сини води познато и како Сини Вирој, е едно од најголемите преостанати блата во земјава.

Од општина Дебарца најавија дека во Белчишта зградата на старата касарна ќе се пренамени во еко музеј за презентација на убавините на блатото.