Белата куќа со тврдење дека е можен нов напад на сириските сили со хемиско оружје
Белата куќа соопшти синоќа дека сириската Влада најверојатно се подготвува за нов напад со хемиско оружје и го предупреди сирискиот претседател Башар Асад дека тој и неговите војници ќе платат голема цена ако тоа го направат.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер рече дека САД имаат информации за потенцијален нов напад со хемиско оружје во кој може да бидат убиени голем број цивили вклучително и деца.
Спајсер додаде дека информациите со кои располага Вашингтон се како и оние пред нападот со хемиско оружје на 4 април во кој беа убиени 70 луѓе во територија под контрола на бунтовниците. Сирија негираше дека извршила хемиски напад. Во одговор на тој напад, владата на Трамп нареди удари со крстосувачки ракети врз база на сириските ВВС.
Спајсер предупреди дека ако Асад изврши нов напад со хемиско оружје „тој и неговите војници ќе платат голема цена“. Белата куќа не ги обелодени доказите во поддршка на тоа тврдење за подготовка на режимот на Асад за нов хемиски напад.
Ново на Сител
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет