Белата куќа го демантира Нетанјаху
Белата куќа го демантира тврдењето на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху дека разговарал со претставници на администрацијата на САД за анексија на еврејските населби на Западен Брег.
- Извештаите дека САД дискутирале со Израел за планот за анексија за Западен Брег се погрешни. САД и Израел никогаш не дискутирале за таков предлог и фокусот на претседателот Доналд Трамп останува исклучиво на неговата израелско-палестинска мировна иницијатива, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, Џош Рафаел.
Нетанјаху претходно изјави дека веќе „некое време“ разговара со американската администрација за ширење на суверенитетот на Израел на еврејските населби на Западен Брег. Тој тоа го изјавил на состанокот на неговата партија Ликуд, изјави портпаролот Давид Амсалем.
- Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги информираше Американците за иницијативата изнесена во Кнесетот и тие го изнесоа својот недвосмислен став дека се посветени кон напредување на мировниот план на претседателот Трамп, беше наведено во соопштението лиферувано неколку часа подоцна, кое пак, сугерира дека американските власти ја отфрлиле израелската иницијатива.
Потоа Белата куќа демантираше дека за тоа кога и да е било разговарано.
Ново на Сител
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
-
Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција