Белата куќа ги обвинува Москва и Дамаск дека се обидуваат да го„збунат светот“

Белата куќа во Вашингтон оцени дека Москва и Дамаск се обидуваат да ја збунат меѓународната јавност за нападот од 4 април околу тоа кој е одговорен за употребата на хемиско оружје против вооружените бунтовници, во кои настадаа и цивили.
Според Си-Ен-Ен, неименуван висок функционер на администрацијата на претседателот Доналд Трамп рекол дека Русија е виновна за нападот.
Овој извор открива дека админстрацијата на САД ја обвинува Москва за „помагање на сирискиот режим“ во настојувањето да се прикрие хемиското оружје, за кое се тврди дека „очигледно се уште го имаат на располагање“.
- Сосема е јасно дека Русите сега се обидуваат да го прикријат она што се случи и да му дадат сосема друга димензија, рекол овој извор за Си-Ен-Ен.
Директното посочување на Москва како виновник и соучесник во нападот со хемиско оружје , што го изврши сириската армија , доаѓа во време додека државниот секретар Рекс Тилерсон е во Москва, во како што се вели, исклучително важна мисија, во рускиот главен град за ситуацијата во Сирија и за идните односи со Русија.
Функционери на администрацијата на Трамп тврдат дека се располага со сознанија за тоа дека „Русите биле во малата база, непосредно пред да биде извршен нападот, но дека ништо не сториле тој да биде спречен“.
Си-Ен-Ен открива дека сириски авион Су-22 полетал од базата и по 20 минути лет го исфрлил гасот сарин врз реонот на Идлиб.
Американците тврдат дека хемиската супстанца која е употребена во нападот, била откриена по земањето примероци од жртвите на контаминацијата.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер сепак, изјави дека разузнавачките агенции не се едногласни околу тоа дали Русија била вклучена во нападот.
Изјавите на функционери на Белата куќа доаѓаат веднаш по соопштението на рускиот претседател Владимир Путин за тоа дека Москва има сознанија оти претстои напад на САД врз делови од Дамаск, како и дека ќе има уште вакви „лажни напади си хемиско оружје“ за да се набеди и дисквалификува претседателот Башар ал Асад.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
