-->
-->
Бела куќа: Гренел именуван за шеф на разузнавачките служби на САД
-->
![]()
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го именува амбасадорот Ричард Гренел за вршител на должноста шеф на сите разузнавачки служби на САД.
„Претседателот Трамп има целосна доверба дека Гренел ќе ја извршува работата на најпрофесионален начин“, наведено е на веб страницата на Белата куќа.
Во соопштението се додава дека амбасадорот Гренел има големо искуство во работата со службите за безбедност и голем број дополнителни функции, меѓу кои и местото специјален пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, како и портпарол на САД во ОН.
„Тој е посветен на неполитичкиот и непартискиот пристап и како шеф на сите американски разузнавачки агенции, од кои зависи безбедноста на земјата“, соопшти Белата куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
