Бела куќа: Апсурдно е тврдењето дека САД објавиле војна на Северна Кореја
САД не и објавиле војна на Северна Кореја, изјави денеска Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа, дополнувајќи дека таквото тврдење е апсурдно.
Изјавата доаѓа откако претходно денеска, севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека и објавил војна на неговата држава.
- Светот треба да запомни дека САД први објавија војна, потенцираше Ри.
Портпаролката Сандерс одговори и на изјавата на севернокорејскиот министер дека неговата земја го задржува правото да ги собори американските бомбардери, па дури и кога не се наоѓаат во воздушниот простор на Северна Кореја.
- Никогаш не е соодветно за една земја да ги собори авионите на друга земја над меѓународниот воздушен простор, потенцираше Сандерс.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости