Беквалац на средба со адвокатите: Наташа се подготвува за судење
Наташа Белвалац се подготвува за борба на суд со својот се уште законски сопруг Лука Лазукиќ.
Освен што ја чека судење за семејно насилство, за кое е обвинет човекот со кого 7 месеци беше во брак, неа ја очекува и бракоразводна парница. И тоа по две тужби. Едната ја поднесе таа, а другата ја поднесе Лука, кој бара старателство над нивната трииполмесечна ќерка, како и дел од имотот. Тој во својата тужба ги доставил и сметките од ресторанот, од купувањето на авиокарти за Атина, сијалици и штекери, како и „таг“ уред за електронска наплата на патарини, и бара Беквалац да му надомести и исплати нешто повеќе од 20 милиони динари.
Таа е подготвена да се бори и да го одбрани сето што е нејзино, па пред два дена се состана со правниот тим, кој го предводи Немања Алексиќ, за да подготви одговор на тужбата на Лазукиќ.
Наташа полека се опоравува од инцидентот кој се случи на 14. април. На состанокот била расположена, неколку пати се насмеала, и тоа кога зборувала за ќерките, но и за враќањето на сцената, кое ќе се случи во сабота.
Но штом се вратија на приказната за судењето и за Лука, нејзиното лице стануваше сериозно.
На состанокот со адвокатите пејачката се задржала речиси два часа, по што правната застапничка ја префрли станот на Дедиње, каде ја чекаше бебето.
Ново на Сител
-
Силекс лидер во Првата македонска фудбалска лига
-
Одбрано новото раководство на СДСМ: Александар Димитријевиќ нов генерален секретар, избрани потпретседатели
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ