Бектеши: Влезот во НАТО ја осигура стабилноста на државата што придонесе за рекорден раст на инвестициите
Агендата за економски реформи на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги предизвиците и можностите што таа ги нуди беше во фокусот на работната средба на министерот за економија Крешник Бектеши и членовите на Делегацијата на Поткомитетот за транзиција и развој на Парламентарното Собрание на НАТО, предводена од заменик-претседателот Матео Луиџи Бјанки, која беше во дводневна посета на Република Северна Македонија, информираат од Министерството.
Министерот Бектеши нагласи дека влезот во НАТО ја осигура стабилноста и безбедноста на државата што придонесе за рекорден раст на инвестициите од над 624 милиони евра, од кои најголем дел се од ЕУ, САД и Турција, што ги отвара вратите за нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард и постепен економски раст.
Делегацијата покажа интерес за приоритетните сектори на кои ќе им се даде посебна важност во наредниот период и кои ќе значат напредок, силна економија и нови перспективи за младите. Според Бектеши, во фокусот на вниманието се енергетиката, индустријата и инвестициите, а со оглед на фактот што Република Северна Македонија е мала земја, членството во големите асоцијации значи економска и политичка стабилност, што се рефлектира во сите сфери на живеењето.
Бектеши се заблагодари за посетата на Поткомитетот за транзиција и развој на Парламентарното собрание на НАТО, која се реализира во период важен за нашата земја, кога веќе осум земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за полноправно членство на Северна Македонија, изразувајќи поддршка на нашите евроатлантски перспективи, се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка