Бектеши: Убеден сум дека ќе се стави крај на злоупотребата на „црвената нафта“

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека ќе се стави крај на злопутребата на екстра лесното масло за домаќинство, познато како „црвена нафта“.
Првпат по две децении, рече, во земјава има државна мобилна лабораторија за контроли која веќе функционира.
Одговорајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата на која заедно во вицепремиерот Кочо Анѓушев ги образложија ефектите од Законот за финансиска поддршка, Бектеши не прецизира колку инспекции се досега направени и упати одговор на ова да се побара во Бирото за метрологија.
-Јас сум убеден дека ќе ја спречиме злоупотребата на екстра лесното масло за домаќинство. Дека правиме големи напори во оваа насока, покажува фактот дека првпат по 20 години во земјава има државна мобилна лабораторија за контроли, која веќе е набавена и се користи од Бирото за метрологија во соработка со Државниот пазарен инспекторат. Што се однесува до акцизата, тоа е во надлежност на Министерството за финансии. Таму обратете се зашто тие ги прават сите анализи и оценуваат какви се буџетските импликации, нагласи министерот Бектеши.
Ново на Сител
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
