Бектеши: Се применуваат законските измени за недела – неработен ден
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што констатираше дека во објектите кои со новите измени имаат дозвола да работат во недела, се применуваат новите новите законски одредби. При разговор со вработените бил информиран дека им се исплаќаат поголеми дневници за работа во недела, согласно новите законски измени.
– Денеска во недела имав прилика заедно со мојот тим да видам како се применува мерката недела неработен ден, да посетиме некои продавници во трговскиот центар, да разговараме со работниците во делот на измените и дополнувањата на законот што ги направививме и за дневниците и за надоместокот што треба да се плати за работа во недела. Сите тие продавници кои беа посетени ги применуваат. Мерките се применуваат откако е донесено законското решение. Како Министерство за економија сме задоволни со оваа нова политика за недела неработен ден, а посебно со тоа што тие што ќе бидат ангажирани во недела ќе имаат поголеми приходи, а со тоа ќе се зголеми нивниот животен стандард, нагласи Бектеши.
Министерот за економија апелираше до сопствениците на сите медиуми, како и до другите правни субјекти, да ги исполнуваат законските обврски и на вработените кои ќе бидат ангажирани во недела да им бидат исплатени повисоки дневници за 50 процнети. Во спротивно, како што рече, работниците да пријават во надлежните институции.
Ново на Сител
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам