Македонија
1. March 2023 - 8:11

Бектеши на министерски состанок на Партнерството за трансатланска енергија и климатска промена

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) што се одржува во Загреб во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска.

Во придружба на министерот Бектеши се и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Министерот Бектеши ќе зборува на панел сесијата „Стратегии за оптимизација на мрежата во енергетската транзиција" како и на панел сесијата „Критична инфраструктура".

Во рамки на министерскиот состанок предвидени се и средби на министерот Бектеши со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, како и министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов.