Бектеши: Минималната плата во 2024 ќе се доближи до околу 23.000 денари
Минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата во 2016 година, вели Министерот за економија Крешник Бектеши посочувајќи дека платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.
– Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор. Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година, изјави Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Бектеши, исто така, посочи дека глобалниот раст на цените ја зголемува и потрошувачката кошничка.
– Што се однесува до куповната моќ, за разлика од претходната година, освен во вториот дел од годината, успеавме да постигнеме успех во однос на покривање на трошоците од две минимални плати во домаќинство, кои беа некаде околу 18 илјади денари, и трошоците, т.е. потрошувачката кошничка не беше повеќе од 35 илјади денари, за жал, имаше речиси глобален пораст и во втората половина од годината потрошувачката кошничка се зголеми на приближно 50 илјади денари, рече Бектеши.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
