Бектеши ќе потпише Меморандум за соработка со Националната платформа на жени претприемачи
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе потпише Меморандум за соработка со Националната мрежа на жени претприемачи.
Целта на Меморандумот за соработка, како што информираат од Министерството за економија, е активно вклучување на сите засегнати страни во спроведувањето на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Македонија и подигнување на степенот на соработка во иднина, што ќе придонесе за економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
По потпишувањето на Меморандумот ќе следуваат изјави за медиумите во Министерството за економија.
Ново на Сител
-

Без струја дел од корисниците на село Орман
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
