Бектеши: ЕСМ во моментов задоволува 100 отсто од потребите на регулираниот пазар на електрична енергија
АД ЕСМ во моментов ги покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, а непречено тече и набавката на јаглен за потребите на термоцентралите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-ЕСМ работи согласно побарувањата од универзалниот снабдувач со електрична енергија – ЕВН хоум и номинациите што секојдневно универзалниот снабдувач ги дава за наредниот ден и во моментов 100-процентно ги задоволува потребите на регулираниот пазар. Согласно податоците кои ги добиваме во Комисијата за справување со енергетската криза во континуитет се врши и испораката на јаглен за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната средба со новинарите.
Прашан на кој начин го убедиле АД ТЕ-ТО да и продава струја на државата по 170 евра за мегават час иако претходно излезе со соопштение дека не може да ја продава под 250 евра, Бектеши рече дека тоа го постигнеле преку разговори.
-Преку разговори се убедувавме, а најверојатно тие, имајќи во предвид дека оваа држава има закони и одлуки, решиле да ги почитуваат законите и одлуките. Таквите одлуки се носени согласно прописите во државата и ми е мило што тие го испочитуваа тоа, потенцира Бектеши
Ново на Сител
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
