Бектеши: Антикризните мерки за нафтата и нафтените деривати почуваат од вечерва

Антикризните мерки почнуваат да се применуваат од вечерва од 24 часот за нафтата и нафтените деривати, додека во делот на основните прехранбени производи откако фискалните апарати се усогласат со новото ДДВ, истакна при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење Министерот за економија, Крешник Бектеши.
Посочи дека ова ќе значи дека антикризните мерки за основните прехранбени продукти ќе се применуваат од понеделник или вторник, бидејќи на овластените сервисери на фискални апарати ќе им треба време и тоа да го направат во соработка со УЈП и другите надлежни институции имајќи во предвид дека тој Закон се носи од страна на Министерството за финансии. Прашан дали има селекција на производите Бектеши со одговор.
-Листата на производи каде што ќе има намалување на ДДВ, а секако дека има замрзнување на профитните маржи од страна на трговците на мало се наведени во одлуката, и сите тие прозводи ќе се наведени во одлуката ќе бидат намалени и не можат да имаат поголем профитни маржи од тоа што е утврдено во одлуката, значи за трговците на мало три посто, за тие на големо четири посто, а за лебот , маслото и за брашното нула посто до 31 мај, вели Бектеши.
На новинарско прашање како очекува трговците на нафтени деривати да бидат солидарни кога всушност дражвата не се откажува од заработката од продажбата на горивата, Бектеши со одговор дека денеска Регулаторна комисија ќе направи ревидирање на цените, и какошто рече иако е викенд и од полноќ ќе има значително помали цени во малопродажбата на нафта и бензин согласно методологијата која се применува во држава, а каде што се зема во предвид просечната берзанска цена на последните пет дена.
-Речиси од понеделник и вторник и среда дополнително ќе има намалување, и веќе мерките кои беа предложени од Владата, значи утврдени од страна на Собранието, изгласани до пратенциите ги даваат своите резулати, како што ќе ги даваат и во делот на прехранбените производи со намалување на ДДВ од 5 на 0 посто. Важно е да се наведе фактот дека во делот на ранливите категории во нашата држава, на нашите граѓани дополнително преку труд и социјална политика ќе обезбедиме и ваучер систем, се со цел значи да го ублажиме ударот токму за тие семејства што во вакви времиња имаат повеќе потреба.
Прашан дека ова е со корист на граѓаните, но како ќе се заштитат трговците на нафтени деривати, Бектеши истакна дека тие се заштитени заради тоа што по нивно барање веќе не се утврдува цена на неделно ниво, се утврдува цена на дневно ниво иако има погоелми пореметувања на светските берзи.
– Веднаш се реагира, значи на дневна база е изменета методологијата на РКЕ, а тоа беше и нивно барање кое беше прифатливо за РКЕ и за Владата. Јас сум наведел и претходно дека како што повеќето од прозиводителите на прехранбени прозиводи вклучувајќи го и брилијант се солидизираат во вакви економски кризи. Целото стопанство треба да се солидизира, а секако крајна цел е да ги заштитиме потрошувачите, во овој случај граѓаните по што и трговците, и приходите во Буџетот и работата на производителите се зависи од стандардот на нашите граѓаните, вели Бектеши при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“-Штип.
Ново на Сител
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
-

Втора школа за срцева слабост во Скопје
-

Струмичките пожарникари за првпат ја употребија новата авто-скала за неочекувана мисија
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
