„Бегемот“ распиша Конкурс за кратка проза: „Очудувања“

Издавачката куќа „Бегемот“ распиша Конкурс за кратка проза: „Очудувања“ на кој може да учествуваат сите дебитанти и искусни писатели од Македонија. Единствените услови на конкурсот се - да се поднесе кратка прозна книжевна форма и да биде напишана на македонски јазик.
Уметничката вредност на текстот ќе биде оценувана преку стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата. Нема ограничувања во однос на изборот на темата. Изборот на расказите го прави редакцијата на издавачката куќа.
- Целта на конкурсот е да им дадеме поддршка и публицитет на што поголем број квалитетни македонски писатели, но и да откриеме нови смели пера од Македонија, а потоа да им отвориме можности за учество во македонскиот и во меѓународниот книжевен свет, соопшти „Бегемот“.
Конкурсот ќе биде отворен во текот на целата година, а избраните раскази двапати годишно ќе бидат објавувани во дигитални збирки на веб-страницата на „Бегемот“, слободни за преземање и за читање. Електронските изданија ќе бидат непрофитабилни.
Заинтересирани кандидати треба да ги пратат текстовите на електронската адреса: andrej@begemot.mk.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
