Македонија
29. October 2019 - 16:57

Бегалецот Спасов последен пат се пријавил во судот на 18. септември- распишана национална потерница

Игор Спасов користел боледување за операција кога одлучил да не се врати во затвор.Од штипскиот суд велат дека последното продолжување на прекинот на затворската казна за Спасов е одобрено во август годинава.Требал да користи боледување во траење од три месеци за операција која не се спровела на уролошкото одделение во штипската болница.

Тоа го предложил тамошниот лекар, но како што велат од штипскиот суд, на Спасов му било одобрено лекување во траење од два месеца.

Во тој период, затвореникот доставувал до судот медицински белешки за текот на лекувањето.. Истото требало да го стори и на 18 септември, а во Идризово да се врати еден месец подоцна.. Спасов ниту во судот приложил документи за лекување ниту се вратил во затвор.. По ова му се губи трагата на поранешниот специјалец кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.. Премиерот Заев очекува дека надлежните ќе го пронајдат Спасов и ќе го вратат во Идризово.

Од МВР велат дека се трага по Спасов.. Издадена е национална потерница - До полициските станици се испратени фотографии од избеганиот затвореник, се контактираат луѓе кои комуницирале со Спасов а се истражува и дали тој ја напуштил државата преку граничните премини.

Министерот за внатрешни, вчера рече дека полицијата не е надлежна за обезбедувањето на затворениците и додаде оти е јасно кои институции потфрлиле при ослободувањето на Спасов.. Ги посочи министерството за правда и казнено поправните установи.

Инаку според информациите од штипскиот суд, осудениот Спасов првото барање за прекин на затворската казна го доставил во јули лани а судот го прифатил наредниот месец.. Од тогаш Спасов со дозвола на штипскиот суд бил на слобода 14 месеци, период кој требсало да го користи за лекување..