„Бегалецот“ со корона, облекол бел мантил за да избега од „8ми септември“
Пациент позитивен на Ковид 19 се маскирал до доктор и избегал од болница. Инцидентот се случил синоќа во болницата 8ми септември, кога дежурниот персонал забележал дека лицето кое веќе една недела се лекувало, не е во својот кревет. Станува збор за бездомник од Куманово. Ваков план скроил, кога почнала да му се подобрува здравствената состојба. Првиот човек на болницата вели дека последните денови пацинетот бил вознемирен и недисциплиниран.
По пријава од дежурниот персонал, интервенирала и полицијата. Пациентот бил пронајден 5 часа подоцна во близина на болницата.
Пациентот е вратен во болница и е во добра здравствена сосотојба. Откако ќе му заврши лекувањето треба да го превземат социјалните служби. Ова е прв пациент со Ковид кој избегал од болница, во земјава.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар