Македонија
8. October 2021 - 16:58

Бегалците од Авганистан утринава на шопинг во Сити Мол

Булеварот „МАНАПО“ утринава блокиран од полициски автомобили.

Имено, булеварот бил блокиран за да два автобуса со бегалците од Авганистан кои престојуваат во Македонија, безбедно стигнат до трговскиот центар „Сити Мол“, јавува Република.

Слична тура Авганистанците имале пред неколку дена, кога повторно со полициска и придружба од Црвениот крст биле на пазарење во друг трговски центар во Скопје.