Бегај: Анексијата на украинска територија кон Русија, лоши вести за светскиот мир и поредок
– Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше на анексијата на украинските територии кон Русија, силно осудувајќи ја „постојаната повреда на територијалниот интегритет на Украина од страна на Русија”.
Последниот чекор на Русија го оценува како лоша вест за светскиот мир и поредок.
– Силно го осудувам постојаното кршење на територијалниот интегритет на Украина од страна на Русија. Отворениот и флагрантен предизвик на Русија на законите и меѓународната заедница е лоша вест за светскиот мир и поредок, пишува Бегај на Твитер.
Претходно министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка ја осуди анексијата на четирите украински региони и и порача дека Албанија е против нивно припојување кон Русија.
– Секоја анексија на територијата на една од страна на друга држава, како резултат на закани или употреба на сила, е кршење на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, смета Џачка.
Анексијата ја осуди и министерот за одбрана Нико Пелеши нарекувајќи го еднострано и нелегално дејствие, како и поранешниот шеф на албанската држава и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници