БЕГ нуди бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија

Снабдување со топлина Балкан Енерџи (БЕГ) до 15 септември годинава на скопјани им нуди можност за бесплатно приклучување во системот за топлинска енергија.
Акцијата за приклучување, најавуваат од БЕГ, ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересирани корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.
- Во минатогодишната акција од сличен карактер, можноста за бесплатно приклучување ја искористија близу 3.000 корисници. Со новото намалување на цената на топлинската енергија за новата грејна сезона 2018/2019 од 3,1 отсто, се очекува интересот за приклучување на системот на централно греење со топлинска енергија да се зголеми, велат од БЕГ.
За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба најдоцна до 15 септември да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи. За постапката за приклучување можат да се информираат во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.
- Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По 15 септември, а заклучно со 30 септември, за повторното приклучување корисниците ќе плаќаат 50 отсто од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1 октомври, повторното приклучување ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник, потенцираат од БЕГ.
Ново на Сител
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
-

Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите
-

Кривична за поранешен градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
-

Претрес во Кочани, кај 21-годишна девојка пронајдени три видови на дрога
-

Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата
-

Турската полиција приведе 83 лица, блокираше 940 сметки и затвори 93 групи поради објави за пукањата во Кахраманмараш и Шанлиурфа
