БЕГ: Испораката на топлинска енергија нормална, да се внимава на внатрешните инсталации

Компанијата за снабдување со топлина „Балкан енерџи“ соопшти дека испораката на топлинска енергија преку централниот вреловоден систем се одвива нормално, без сериозни дефекти и оти снабдувањето на потрошувачите е согласно потребните дневни дијаграми на испорака.
Апелираат до потрошувачите да внимаваат на своите внатрешни инсталации и да ги одржуваат во состојба која ќе спречи мрзнење на инсталацијата и грејните тела. - Препорачуваме да не се исклучуваат делови од грејната инсталација и радијатори во простории кои се изложени на негативни температури, наведе денеска во соопштение БЕГ.
Во изминатиот период на екстремно ниски температури после кој следеше период на затоплување, укажува компанијата, забележани се случаи на дефекти на внатрешната инсталација пред се кај некои деловни потрошувачи и индивидуални куќи.
- Причините за тоа се несоодветно третирање на внатрешната инсталација од која во периодот на екстремно ниски темератури била подложна на мрзнење, бидејќи дел од инсталацијата во одредени простории била исклучена од централниот систем на греење од страна на потрошувачите и истовремено просториите каде е сместена инсталацијата и радијаторите биле изложени на негативни температури. Екипите на Дистрибиција со топлина Балкан енерџи интервенираа и времено ги исклучија од мрежа овие потрошувачи кои интервенираат на остранување на дефектите, се вели во соопштението.
БЕГ истакнува дека нивни екипи во засилен состав се постојано на терен за брзо детектирање и решавање евентуални дефекти во системот.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.
Ново на Сител
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
