Бебе со ретка болест мора шест месеци да носи кацига: Семејството направи неверојатна работа
Кога на четиримесечниот Јонас Гутерес лекарите му дијагностицирале плагиоцефалија и му препишале шестмесечно носење на кацига за обликување на черепот, неговото семејство не сакало тој да се чувствуа поинаку па сите почнале да носат кациги.
Позната и како синдром на сплескана глава, плагиоцефалијата се случува кога коските од черепот неправилно ќе се спојат.
„Во текот на бременоста имаше преголема глава. Одлично спие, но секогаш на иста страна, па состојбата му се влоши“, рече неговиот татко Гери.
Поради тоа докторите направија специјална кацига за Јонас за да му се преобликува главата, која мора да ја носи од три до шест месеци.
Тригодишната ќерка на Јонас исто така одлучи да носи велосипедска кацига за нејзиниот брат да не се чувствува поинаков, но и остатокот од семејството набрзо се придружил.
Нивниот роднина направил неколку фотографии од целото семејство и ги поставил на Твитер, кои се споделени десетина илјади пати.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико