Бизарно но вистинито
11. March 2016 - 21:21

Бебе преживеало абортус: Незапаметен случај во историјата на медицината!

Британката Вики Харпер (24) дознала дека по трет пат е бремена, па поради лошата финансиска состојба се одлучила да абортира.
 
Вики веќе имала две деца - Роса (2) и Лејла (5), но минатиот јуни заборавила да се напие контрацептивно апче и останала бремена.
 
- Тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Ги сакам децата највеќе на светот, тие се моето богатство, но тогаш немав сили за трето дете, - изјавила Вики.
 
Таткото на нејзините деца, младиот Кинан Мекивот (19) кој по занимавање е столар не заработува многу пари, но и рекол дека одлуката е нејзина, а тој ќе ја поддржи во се. Вики се одлучила да абортира.
 
- Кинан дојде со мене на лекар. ме држеше за рака. Плачев малку, но знаев дека тоа е најдоброто решение, - објаснува таа.
 
Како што вели и самата, уште тој ден знаела дека нешто не е во ред.
- И понатаму бев уморна и имав вртоглавица, а веќе два пати бев бремена и знам како изгледа тоа, - вели Вики.
 
Затоа направила тест за бременост, кој се покажал како позитивен. Докторот и рекол дека е можно некои хормони и понатаму да се во нејзиното тело и дека нема причина да се грижи.
 
- После тоа немав менструален циклус два месеци и бевсигурна дека бебето е во мене - изјавила мајката.
 
Девет недели по неуспешниот абортус направила ултразвук, кој јасно покажал дека таа е бремена. За уште еден абортус било доцна, затоа што веќе била во 16. недела од бременоста, а после 12 недела тие зафати се со голем ризик.
 
Тогаш се одлучила да го роди бебето. на почетокот на март, Вики на свет донела момчето Џек, кој бил сосема здрав.