Фудбал
21. May 2017 - 18:51

Баже го надмина легендарниот Чоко

Фудбалерот на Пелистер, Блаже Илијоски со голот постигнат во Кратово против Силекс за конечни 3-3 прерасна во најдобар стрелец во историјата на македонскиот клупски фудбал. 

Популарниот Баже има вкупно 126 погодоци, еден повеќе од легенарниот Зоран Бошковски Чоко. 
До крајот на првенството има уште две коло и шанса за Илијоски да го подобри рекордот на голови постигнати во дресот на Металург, Работнички , Пелистер....