Македонија
8. October 2016 - 11:08

Базар на современи ракотворби на Боемската улица

Базар на современи ракотворби во организација на Општина Центар – Скопје и Македонска Артисанска Трговска Организација МАТА, ќе се одржи денеска во Боемската улица во Дебар маало.

Настанот претставува можност и начин за промоција на современиот уметнички израз пресликан во ракотворбите и применетата уметност, како и запознавање на посетителите одблизу со творечките модерни техники и начини на изработка на делата.

На манифестацијата ќе земат учество повеќе уметници ракотворци кои ќе го презентираат начинот и техниките на изработка на своите уметнички дела, а воедно ќе има и продажен карактер.