Баварските партнери на Меркел бараат запирање на бегалскиот прилив
Германија мора да ги контролира своите граници за да се запре бранот на бегалци, доколку Европската унија не е во можност да ги заштити своите надворешни граници, изјави лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер.
- Доколку работите продолжат како до сега ќе имаме повеќе бегалци оваа година од минатата, изјави Зехофер, чија ЦСУ е сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и најмал партнер во федералната коалициска влада.
Како што јави дооисникот на МИА од Берлин, Зехофер е уверен дека доколку по бегалците дојдат и нивните семејства, во Германија би пристигнале вкупно најмалку три милиони бегалци.
- Во тој случај Германија ќе стане поинаква држава. А луѓето не сакаат Германија или Баварија да станат поинакви држави, изјави Зехофер чија партија функционира само во покраината Баварија.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип