Баварските партнери на Меркел бараат масовна депортација на мигранти
Висок претставник на Христијанско Социјална унија од Баварија, сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Меркел бара итна депортација на 350.000 мигранти од Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Министерот за финансии на Баварија, Маркус Содер во интервју за весникот „Ди Велт“ повикува на координиран план за забрзано процесирање на апликациите за азил и протерување на тие што се одбиени.
Најголем дел од мигрантите кои што немаат право на азил во Германија доаѓаат од балканските земји, пред се од Албанија и Косово и од Северна Африка.
- Потребен ни е договор меѓу федералните и регионални институции - 350 илјади луѓе треба да бидат депортирани. Ова мора се прави постојано и брзо“, вели баварскиот политичар.
Содер ги спори и објавените владини информации дека годинава Германија ќе прими само 500 илјади бегалци. „На што се темелат овие прогнози за мене е непознато“, вели чуварот на државната каса во најбогатата германска покраина, која што е прва дестинација на бегалците кои што влегуваат во земјата.
Неговата партија ЦСУ по примерот на Австрија која што го намали бројот на баратели на азил на дневна основа бара канцеларката Меркел да постави лимит од 200.000 бегалци годишно за цела Германија.
Ново на Сител
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба