„Баскерфест“ по 12. пат во Скопје

Над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Баскерфест“ што од утре до 25 јуни ќе се одржува во Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на денешната прес-конференција ги повика сите граѓаните да дојдат и уживаат во многу различни содржини на фестивалот.
- Покрај улични артисти и жива музика, посетителите ќе може да уживаат во претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни работилници, ликовни изложби, базар на ракотворби и работилници со артисти. Ќе има можност за различни возрасни категории и вкусови да можат да ужуваат во се што ќе пружи годинашниот „Баскерфест“, изјави Трајановски.
Посочи дека Скопје е прв град на Балканот што го организира овој фестивал, почнувајќи од 2006 година.

Според Сандра Темова, еден од организаторите, најголемата убавина на фестивалот е што е наменет за посетители и граѓани од сите возрасти, бидејќи нуди забава за сите.
- Имаме детска работилница што започнува од 18:30 часот. Настапите на артистите започнуваат од 19:00 часот и траат се до 23:00 часот, додека музичката програма започнува од 22:00 и трае до 01:00 часот, изјави Темова.
Посочи дека ново годинава е што за прв пат ќе има шоу со балони, како и интересен спектакла на група музичари со ударни инструменти од Романија и повеќе циркуски настапи.
Манифестацијата се одржува на три локации на плоштадот „Македонија“. За организирањето на годинашниот фестивал градот Скопје издвојува 1.200.000 денари.
Ново на Сител
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
